Connect with us

Конче

Натпревар во спортски риболов се одржа на езерото Мантово во Општина Конче

Avatar

Published

на

Натпревар во спортски риболов викендот се одржа на езерото Мантово во Општина Конче, на кој учество земаа триесетина спортски риболовци. Натпреварот беше под покровителство на Општина Конче и градоначалникот Златко Ристов, кој им врачи медали и подароци на најдобрите.

„Успешно завршен натпреварот во спортски риболов под покровителство на Општина Конче кој се одржа на браната Мантово, честитки до сите учесници и до оние кои освоија медали…Продолжуваме со поддршка на сите спортски активности“ вели градоначалникот Ристов.

Конче

Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Прочитај повеќе

Конче

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче

Avatar

Published

на

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.

Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.

Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.

„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци

Avatar

Published

на

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.

„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Прочитај повеќе