Конче
Ваучер од по 3.000 денари за сите завршени деветоодделенци во Општина Конче
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Ваучер од по 3.000 денари за сите ученици кои завршија девето одделение во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче додели градоначалникот Златко Ристов, односно Општина Конче, со цел поддршка на образованието и помош на родителите во продолжувањето на понатамошниот образовен процес на учениците.
Градоначалникот им посака на учениците многу успеси и понатаму, но и надеж дека гордо ќе ја претставуваат Општина Конче во иднина. Ристов се надева дека ова ќе прерасне во пракса на општината, за поголем стимул на учениците.

Поврзани содржини
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Натпревар во спортски риболов се одржа на езерото Мантово во Општина Конче
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
3 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
