Connect with us

Европа

Што се случува во Европа? Целосен пресврт, се се менува?!

Media Press

Објавено на

Во Германија се разговара за зајакнување на АфД. Но, тоа не е изолиран случај, целата Европска унија се врти надесно.

Шпанија беше нешто како последниот бастион на левицата во Европската унија, но и таа падна пред точно еден месец. На локалните и регионалните избори во таа земја, владејачката левичарска алијанса на претседателот Педро Санчез беше строго казнет. Тој освои само 28 отсто од гласовите, што е процент помалку од претходно. Премиерот тогаш најави нови избори за 23 јули.

Победник во Шпанија е конзервативната Народна партија ПП со освоени 31 отсто од гласовите и нејзината нова надеж: Изабел Дијаз Ајусо од Мадрид. Во нејзините необични настапи таа го исмева феминизмот, родовата еднаквост, заштитата на малцинствата, транс правата и заштитата на климата.

А десничарската екстремистичка партија Вокс, со седум отсто освоени гласови (за четири отсто повеќе од претходно), веројатно во иднина ќе биде вклучена во владата во многу општини и автономни региони.

И не случајно меѓу првите им честиташе Виктор Орбан. Тој е воодушевен што во Шпанија напредува „десничарското повторно освојување“.

Унгарија: Орбан како „модел“ за цела ЕУ

Унгарскиот премиер е пример за оние кои ја придвижуваат Европската унија надесно. Тој во април минатата година го обезбеди четвртиот последователен мандат, иако опозицијата излезе на избори сплотена и сметаше на промена на власта.

Во 2014 година, Орбан и неговата десничарска националистичка партија Фидес прогласија „нелиберална демократија“ заснована на рускиот модел. Ксенофобичните тонови со години се составен дел од програмата на неговата влада.

Орбан го оправда своето одбивање да прифати бегалци со тоа што Унгарците „не сакаат да станат мешана раса“ и дека мултикултурните западноевропски земји „повеќе не се нации“.

Франција: Лепен е подискретна

Веднаш по изборната победа на Орбан пред една година, Марин Ле Пен побрза да и честита на Будимпешта. Нејзината екстремно десничарска Национална партија на парламентарните избори пред една година успеа да го зголеми бројот на пратеници во парламентот од 577 на 89. Претходно, во 2017 година, освои само осум места.

Лепен е неуморна, сè подржавничка и на тој начин продолжува со својот долгорочен проект – да се пресели во Елисејската палата.

Следниот чекор кон таа цел би бил победата на европските избори во 2024 година, каде последните два пати освоила околу 24 отсто од гласовите. Таа цел веќе не изгледа недостижна, бидејќи се повеќе Французи веќе десет години гласаат за екстремната десница.

Италија: Мелони и Мусолини

Ѓорѓа Мелони не мораше да чека толку долго. Нејзината десничарска екстремистичка и фашистичка партија „Италијански браќа“ се појави речиси од никаде и откако освои 26 отсто на парламентарните избори во септември 2022 година, таа стана првата жена на чело на владата на Италија.

Грбот на нејзината партија има зелен, бел и црвен пламен. За италијанската десница тоа е симбол на вечниот пламен на гробот на Мусолини.

И воопшто, овој Мусолини – тој е „комплексна личност што мора да се гледа во контекст“, вели Мелони, жена која својата политичка кариера ја започна во неофашистичка младинска организација.

Шведска: популисти, втора најсилна сила

Џими Акесон, лидерот на десничарските и популистички „Шведски демократи“, најпрво долго време се занимаваше со политика, за подоцна да се сврти надесно. Во неговите помлади години важеше за умерен политичар.

Денеска во стилот на Доналд Трамп сака „да ја направи Шведска повторно голема“. На минатогодишните парламентарни избори, партијата основана во 1988 година од членови на десничарската екстремистичка сцена успеа да стане втората најсилна политичка сила. За нив гласале 20,5 отсто од Швеѓаните.

А за Акесон, муслиманите се „најголемата закана за Шведска од Втората светска војна“.

Финска: „Финците на прво место“

Оние кои долги години се најуспешните популисти во Скандинавија, имаат имитатори долго време – на пример во соседна Финска. Таму „Вистинските Финци“ освоија 20 отсто од гласовите и влегоа во владата, во коалиција со уште три партии. Тие имаат седум места во кабинетот, а лидерката Рика Пура е министер за финансии.

Таа жена која некогаш гласаше за Зелените, сега сака да ја врати Финска на „вистинскиот пат“. Со „промена на парадигмата“ во однос на мигрантите, квотата за бегалци треба да се намали на 500.

Словачка: неонацисти во парламентот

Во исто време, Рика Пура е вистинска невина во споредба со Марјан Котлеб. Тој водач на неофашистичката L’SNS е меѓу најрадикалните неонацисти во Словачка. Ова е човек кој сака да го нарекуваат „фирер“ од неговите поддржувачи и поттикнува атмосфера против Ромите, Евреите и хомосексуалците. Тој беше осуден на условна казна во 2022 година за „промовирање на идеологија што ја загрозува демократијата“ и мораше да се откаже од својот мандат во националниот парламент.

Сепак, тоа не влијаеше на успехот на неговата партија во минатото. На парламентарните избори во 2020 година, со освоени осум проценти од гласовите, таа обезбеди 17 мандати. На вонредните избори на 30 септември неонацистичката партија смета на уште повеќе гласови.

Грција: голема промена надесно

Во меѓувреме, конзервативниот премиер Киријакиос Мицотакис победи на изборите во Грција оваа недела. Но, резултатот може да се опише и вака: Грција врти надесно.

Десничарската популистичка „Елиники Лиси“ (грчко решение), ултранационалистичката и ултра-религиозна „Ники“ (Победа) и „Спартанците“, како наследници на неонацистичката партија „Златна зора“, која беше забранета во 2020 година – вкупно со речиси 13 отсто од гласовите влезе во грчкиот парламент.

прикажи повеќе

Европа

Грчката влада отвора нов мигрантски центар на Крит во услови на рекорден прилив и локални протести

Media Press

Published

на

И покрај незадоволството и протестите на локалното население, грчката конзервативна влада поднесе итен амандман во Парламентот за изнајмување поранешна фабрика во близина на Ираклио, која треба да се пренамени во Нов центар за прифаќање мигранти. Објектот во Атанати ќе се изнајмува најмалку една година со месечна закупнина од 13.500 евра, што ќе биде втор ваков камп на островот по оној кај Ханија. Додека властите го оправдуваат потегот со итноста на ситуацијата, опозицијата и граѓаните реагираат дека објектот е несоодветен, а киријата е превисока.

Одлуката доаѓа во момент кога Крит се соочува со огромен миграциски бран и станува главна влезна точка кон ЕУ. Само во изминатите 24 часа беа регистрирани речиси 1.000 нови пристигнувања, додека од почетокот на годинава над 19.000 луѓе преку Средоземното Море преминаа од источна Либија. Со речиси 33.000 пристигнати мигранти од 1 јануари, Грција го држи рекордот во Европската Унија.

Состојбата на теренот е драматична — стотици луѓе се привремено сместени на отворено кај Иерапетра, додека Бреговата стража постојано пронаоѓа нови групи, вклучително и 60 лица откриени на островот Хриси. Во меѓувреме, Атина преговара со Германија, Холандија, Данска и Австрија за формирање центри за враќање надвор од ЕУ за одбиените баратели на азил, а истовремено бара поддршка за привремено замрзнување на процедурите за азил за време на вакви вонредни бранови. Овие иницијативи наидоа на жестоки критики од организациите за заштита на човековите права.

Извор: Медиуми

Прочитај повеќе

Европа

Грција се задолжува помалку од Франција и Италија

Media Press

Published

на

Додека растот на инфлацијата и нафтата ги зголемуваат трошоците за задолжување низ Европа, грчките државни обврзници покажуваат исклучителна отпорност. Приносот од 10-годишните обврзници се стабилизираше на 3,93% — ниво значително пониско од она на Италија и Франција, објавуваат грчките медиуми.

Клучни причини за стабилноста на Грција:

  • Проактивно управување со долгот: Зголемени се предвремените отплати на долгот на 12,84 милијарди евра за оваа година.
  • Поволен профил на долг: Просечното времетраење на долгот е 18 години (наспроти 7,6 години во остатокот од периферијата на еврозоната).
  • Силни парични резерви: Резервите од 30 милијарди евра ги ублажуваат ризиците од пазарна нестабилност и рефинансирање.
  • Цврсти економски фундаменти: Континуиран примарен суфицит и пад на односот долг-БДП под нивото на Италија.
  • Речиси целосно покриено задолжување: Агенцијата за долг рано обезбеди 95% од годишните потреби, па Грција нема потреба од нови големи издавања, за разлика од другите европски земји кои мора да соберат 120 милијарди евра во септември.

Прочитај повеќе

Европа

📄 Хронологија за патување во Грција: Од визи и бели листови – формулари до дигитална граница.

Media Press

Published

на

Патувањето на македонските граѓани во Грција во изминатите три децении помина низ неколку клучни фази – од чекање во редици пред конзулатите за шенген-визи, преку познатите „бели листови – формулари“, па сè до претстојните дигитални системи на Европската Унија.

🏛️ 1. Ера на визи и амбасади (До 18 декември 2009)

  • Пракса: За патување во Грција беше задолжителна шенген-виза.
  • Процедура: Граѓаните поднесуваа апликации, потврди за вработување, банкарски изводи и гарантни писма во Грчката канцеларија за врски во Скопје или Конзулатот во Битола.
  • Крај на ерата: На 19 декември 2009 година стапи на сила одлуката на ЕУ за визна либерализација (познатиот „бел шенген“).
Embassy of Greece in North Macedonia

📄 2. Ера на „белите листови – формулари “ (19 декември 2009 – 23 февруари 2019)

  • Пракса: По укинувањето на визите, грчката гранична полиција одбиваше да става печати директно во пасошите поради непризнавањето на тогашното уставно име „Република Македонија“.
  • Процедура: На самите гранични преминувања (Евзони, Дојран, Ники) патниците рачно пополнуваа посебен бел образец (формулар), на кој пишуваше FIROM. Грчките службеници ставаа влезен и излезен печат исклучиво на тој лист, кој мораше да се чува во текот на целиот престој.
  • Крај на ерата: На 24 февруари 2019 година белите листови беа целосно укинати.

🛂 3. Печатење директно во пасошите (24 февруари 2019 – денес)

  • Пракса: Со стапувањето на сила на Преспанскиот договор и прифаќањето на новото уставно име, Грција започна официјално да ги признава македонските пасоши.
  • Процедура: Белите листови заминаа во историјата, а грчките граничари почнаа да ставаат влезни и излезни печати директно на страниците од пасошот.

💻 4. Нова ера: ЕЕС и ЕТИАС дигитални контроли (Воведување 2024–2026)

  • Пракса: Европската Унија преминува на целосна автоматизација на надворешните гранични премини.
  • Процедура:
    • EES (Entry/Exit System): Се укинува физичкото печатење пасоши и се воведува земање биометриски податоци (фотографирање на лицето и отпечатоци од прсти) на самата граница.
    • ETIAS: Систем за претходно онлајн пријавување и добивање одобрение за патување пред тргнување на пат, кое ќе важи 3 години.

Прочитај повеќе