Радовиш
Ќе се одржи Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш, прво место 120.000!
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
По три години пауза повторно ќе се оганизира Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево, Општина Радовиш.
Турнирот ќе започне на 26 јули а ќе трае до 12 август, а пријавувањето на екипи за учество на меморијалниот турнир во мал фудбал ќе трае до 24 јули.
Организатори на турнирот се Ангел Јованов, Илија Данаилов, Аце Апостолов, Зоран Манасиев и Ристе Коцев.
Учество на екипи: 3.000 денари.Телефон и информации за пријавување: 071 663 124 (Илија), 071 320 754 (Аце) и 070 490 663 (Ангел).
Генерален спонзор на турнирот е дијаспората на С. Ињево, а се организира по повод сообраќајна несреќа на нивни сограѓани спортисти, која се случила пред 20 години, во август 2003 година.
За турнирот се предвидени и богати награди.
ПРВО МЕСТО: 120.000 денари.
ВТОРО МЕСТО: 60.000 денари.
ТРЕТО МЕСТО: 30.000 денари.
ЧЕТВРТО МЕСТО: 15.000 денари.
Награди ќе добијат и најдобриот играч, најдобриот голман и најдобриот голгетер.
Поврзани содржини
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево
По втор пат во Радовиш се одржува Турнир во табла, уметничка слика за најдобриот
Радовиш домаќин на Завршен турнир во одбојка, кој ќе започне од утре во СРЦ „25-ти Мај“
Поетско читање беше организирано во ОУ „Орце Николов“ во Ињево, со поетесата Сузана Мицева
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
5 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
