Радовиш
Општина Радовиш со АПЕЛ за заштита од пожари на отворен простор
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Поради периодот на настапување на високи температури и развој на вегетација и човечкиот фактор е посочен како причинител, се појавува потенцијална опасност за настанување на пожари, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните.
Општина Радовиш, упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат во шума и на отворен простор, да бидат особено внимателни и одговорни:
Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места. Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини. Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал. Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.
Доколку се зтекнат лица кои палат оган на отворен простор истите ќе подлежат на високи санкции
Кон апелот се приклучуваат и од ТППЕ од Радовиш и Полициска станица Радовиш.
Во случај на пожар јавете се на следните телефони:
112 – Единствен повикувачки број за итни повици достапен 24/7
193 -ТППЕ –Територијална противпожарна единица
192- Полиција
Поврзани содржини
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
ПЗУ доктор Петре Ѓоргиев, ординација по интерна медицина и кардиологија од неодамна започна со работа во Радовиш
Општина Радовиш започнува со редовно одржување на централните подрачја во населените места
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
18 минути agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат

Седум работи кои можат да го оштетат видот без да знаеме!

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
