Радовиш
Општина Радовиш со градежни активности во наслените места, се градат улици во Подареш и во Ораовица
Published
3 месеци agoна
By
Media PressОпштина Радовиш продолжува со градежни активности во наслените места. Завршена е дел од улицата покрај Основното училиште во Ораовица од каде честопати се случуваа поплави на училиштето и на централното подрачје на селото. Освен ова како што најави градоначалникот Ацо Ристов наскоро започнува и и проектот за уредување на речното корито во Ораовица.

Градоначалникот Ристов очекува во следните две години многу поинтензивна градба бидејки без проектна документација не може и да се гради.
При крај се и градежните активности на три помали улици во село Подареш, кои Општина Радовиш ги гради од сопствени средства, станува збор за споредни улици, а кои се нужни за граѓаните бидејќи цел живот се соочуваат со проблеми од поплави и кал.

Градоначалникот најави дека измената на Законот за концесиски надомест за минерални суровини е во собраниска процедура, откако че помине очекува дека Општина Радовиш ќе има поголем приход а со тоа и повеќе инфраструктурни проекти за следната година.
Тој спомна дека во Радовиш се легализирани 4.000 објекти без платени комуналии со законот за легализација кој го донесе државата, со што општината се соочува со недостаток на милионски средства за изградба на инфраструктура, а граѓаните бараат инфраструктура.
Поврзани содржини
Граѓаните да избегнуваат движење на патот Подареш – Смиланци
Решавање на проблемите со кои се соочуваат, повод за денешните средби на градоначалникот Ристов со жителите од Калуѓерица и Подареш
Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана
Кандидатот за градоначалник на Радовиш Конзулов на средби со граѓани во населените места
Изградено повеќенаменско спортско игралиште во Подареш, Општина Радовиш, за потребите на младите
Уапсено лицето од радовишко барано со потерница
Радовиш
За прв пат Денот на рударите – 28 август ќе биде прославен заедно со граѓаните во центарот на Радовиш
Published
1 месец agoна
август 18, 2023By
Media Press
За прв пат годинава Денот на рударите 28 Август и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица заштитничка на рударите, ќе биде одбележан со централен настан кој ќе се одржи во центарот на Радовиш.
Како што рече градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на барање на општината, се договориле заедно со раководството на двата рудника Бучим и Боров Дол, прославата да се одржи во центарот на градот заедно со сите граѓани.
„Радовиш е рударски град и Денот на рударите треба да го прославиме сите заедно со рударите, нивните семејства и со останатите граѓани на Општина Радовиш. ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот’, рече градоначалникот Ристов.

Од рудниците потврдија дека за Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ќе се одржи голем концерт на Каролина Гочева. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните изведби на Каролина, да се развеселат и да го празнуваат празникот.
„Пред големиот концерт, во делокругот на рудникот Бучим ќе се одржи мала официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, по што сите заедно со менаџерскиот тим ќе се преселиме на главниот настан во центарот на градот да го проследиме концертот на Каролина Гочева и да прославиме заедно со граѓаните“, рече прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева.
Радовиш
По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“, започнувајќи од утре
Published
1 месец agoна
август 17, 2023By
Media Press
По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“. Наредните три дена 18, 19 и 20 август 2023 година ќе бидат изложени мед и производи од мед на штандови во централното – градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки, како дел од регионални туристички промотивни денови во градот Радовиш.
Манифестацијата и годинава е предвидена во деновите кга се одбележува и чествува патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Покровител на истата е Општина Радовиш а финасиски е поддржана и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Манифестацијата ќе биде збогатена со дополнителни програмски содржини и изложувачи на здрави еколошки производи. Излагачи на оваа традиционална манифестација ќе бидат: Производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот.

Радовиш
Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод
Published
1 месец agoна
август 16, 2023By
Media Press
Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод во должина од околу 3 километри и широк 3,5 метри.
Реализацијата на овој проект со средства од ТАФ – програмата се развлече околу две години поради докомплетирање на проектот.

Како што рече градоначалникот Ацо Ристов кој денеска изврши увид во градежните активности, со овој пат ќе се овозможи побрз пристап до градскиот водовод но и пристап до обработливо земјоделско земјиште како и можност за пешачење и прошетки во природа.

„Со асфалтирањето конечно ќе се заокружи овој проект со кој се добива можност за побрз пристап кон градскиот водовод и до земјоделските површини, како можност за посети и уживање во убавините на природата по горниот тек на Радовишка река. Во овој дел од градот ќе биде изграден и градски парк како што е предвидено во мојата програма“, вели Ристов.
Градоначалникот упати порака и до дрвокрадците кои честопати беа пресретнувани токму на овој пат користејќи го за кражба на огревно дрво, дека сега почесто овде ќе патролираат и полициски возила па да не се чувствуваат комотни и да го користат патот за такви цели бидејќи во секој момент можат да бидат фатени на дело.


Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
