Connect with us

Здравје

Медитација за почетници: Што треба да знаеме?

Media Press

Објавено на

Медитацијата може да биде една од ефикасните „алатки“ за намалување на анксиозноста и балансирање на внатрешната состојба

Во напорниот животен ритам кога сме под постојан стрес поради различни ситуации, многу е тешко да се одржи бистар ум и ментално здравје.

Како да направите медитација:

Најдете мирно место каде што никој нема да ве вознемирува. Седнете во удобна положба, почнете да се опуштите и затворете ги очите. Фокусирајте се на вашето дишење.

Вдишете полека низ носот, почувствувајте како воздухот ги исполнува белите дробови, а потоа полека издишете низ устата, ослободувајќи ја сета напнатост и вознемиреност.

Верувајте му на својот здив и дозволете му да стане ритмичен и смирен.

Замислете дека сте на безбедно и мирно место. Тоа може да биде секое место каде што се чувствувате удобно. На пример, пријатна соба од детството, тивка плажа, езеро, поле со цвеќиња или нешто друго. Визуелизирајте го ова место во сите бои, почувствувајте ги мирисите, звуците, боите.

Фокусирајте се на вашите чувства. Обидете се да идентификувате каде се чувствувате вознемирени или под стрес. Може да биде во градите, стомакот или главата. Само прифатете ги овие чувства без отпор или осудување.

Потоа фокусирајте се на вашето дишење. Дозволете здивот да стане ваш фокус.

Замислете дека секоја вознемирувачка мисла полека и непречено ве напушта и заминува со ветрот или се раствора во езеро. Не се врзувајте за овие мисли, не ги анализирајте. Само забележи и пушти ги да си одат.

Вратете го вашиот ум на чувството на сигурност и мир во вашето визуелизирано место. Важно е да го почувствувате ова место околу вас и да дозволите чувството на мир да се шири низ вашето тело и ум.

Кога ќе бидете подготвени, полека отворете ги очите и останете целосно мирни неколку минути. Почувствувајте го мирот. Оваа медитација, доколку ја правите секојдневно, ќе ви помогне да се ослободите од анксиозноста и да ја зголемите состојбата на хармонија.

прикажи повеќе

Здравје

Предупредувачки знаци на заборавеност

Media Press

Published

на

Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост

Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Слика генерирана од AI

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.

Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.

Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.

Прочитај повеќе

Здравје

ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО

Media Press

Published

на

Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.

Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.

Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)

  • Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
  • Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.

2. Поддршка на дигестивниот систем

  • Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
  • Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).

3. Лесна активност без замарање

  • За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.

Дали 100 чекори се доволни?

Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:

  • 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
  • Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.

Прочитај повеќе

Здравје

Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак

Media Press

Published

на

Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?

Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.

Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.

Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.

– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.

Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.

Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.

Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.

На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.

Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.

Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.

Извор: https://denar.mk/42373

Прочитај повеќе