Connect with us

Струмица

Лишени од слобода три лица од Струмица, обработувале засадени стебла марихуана

Avatar

Published

на

На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Струмица

Лишиле од слобода 31 -годишен жител на струмичко село, физички ја нападнал неговата сопруга

Avatar

Published

на

На 25.06.2024 во 22.15 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 31 -годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. 

Лицето било задржано во полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поденесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Струмица

Извлечена е малолетничка која паднала во провалија во струмичко, се здобила со повреди

Avatar

Published

на

Вчера околу 20.30 часот во СВР Струмица од страна на Центарот за управување со кризи било пријавено дека малолетничка од Струмица движејќи се на патека кон манастирот “Свети Илија“, во близина на Струмица, паднала во дупка и се здобила со повреди. По примената пријава, од страна на полициски службеник е стапено во телефонски контакт со малолетничката, по што била утврдена и локацијата на која се наоѓа. Од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица веднаш било излезено на лице место и по кратко време девојчето било пронајдено, а во координација со пожарникари од ТППЕ Струмица била извлечена од местото и предадена на екипа на Медицински центар Струмица, информира СВР Струмица.

Од Центарот за управување со кризи ја потврдуваат информацијата дека синоќа околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината 16 годишна ќерка е падната во провалија во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.

Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемирена, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.

Девојчето е извлечено и се наоѓа во струмичката болница.

Прочитај повеќе

Струмица

Вториот национален рурален парламент во Струмица

Avatar

Published

на

Вчера и денеска се одржа Вториот национален рурален парламент во Струмица. Овој настан спои повеќе од 90-тина претставници од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор кои заедно креираа препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот.

Како што информира Rural Development Network of North Macedonia, присутните во рамки на три работни групи ги споделија своите ставови и знаења кои ќе бидат вклучени во Декларација на овој рурален парламент во вид на препораки. Овие препораки ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание на овие заедници. По официјалните обраќања од претставници од Општина Струмица, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, USAID North Macedonia, Regional Rural Development Standing Working Group (SWG RRD) и GIZ North Macedonia, присутните имаа можност да дознаат повеќе за руралниот развој од различни аспекти на трите панел дискусии:

Панел дискусија 1: Иновации во земјоделското производство (Александра Мартиновска Стојческа – Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, Ана Симоновска – Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, Тамара Тодоровска – Активност на УСАИД Партнерства за економски раст)

Панел дискусија 2: Можности за младите од руралните средини (Емељ Туна – Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, Небојша Мојсоски – Youth Actively Create Opportunities, Матеа Несторова – Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF)

Панел дискусија 3: ЛИДЕР (LEADER) пристапот (Игор Трошански – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Столе Георгиев – LAG Plackovica / ЛАГ Плачковица, Ристо Атанасовски – ЛАГ Бојмија / LAG Bojmija)

Вториот национален рурален парламент беше основа за размена на искуства меѓу организациите од руралните средини во земјата, меѓународните организации и експерти кои работат во истата област. Настанот беше организиран во рамки на Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата.

Прочитај повеќе