Конче
„Авантурите на Конче и Мантово“, дводневен настан велосипедски тури, ќе се одржи на езерото Мантово
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Дводневен настан велосипедски тури „Авантурите на Конче и Мантово“ ќе се одржи
на 8 и 9 јули годинава, на локација на Влашки Колиби, Езеро Мантово. Ново велосипедско искуство во општина Конче при што присутните ќе имаат можност да ги запознаат природните убавини и локалните особености во овој дел на Македонија.
За сместување е предвидено кампување со сопствена опрема.
Учеството е бесплатно со задолжителна претходна регистрација преку линкот https://www.prvdovrv.mk/konche
Секој учесник добива:
– dri-fit маичка
– сувенир
– вечера во сабота
– доручек и ручек во недела
– освежување за време на велосипедските тури
– организирани велосипедски тури со поддршка на локални водичи
– медицинска помошо за време на велосипедските тури
– велосипедски сервис за време на турите за асистенција во отстранување на брзи дефекти кај велосипедот
Програма:
Сабота, 8 јули
10-15 часот Пристигнување и регистрација за поставување на сопствена камп опрема
17:00 Мала велосипедска тура околу Езерото Мантово
20:00 Вечера
21 – 00 Забава со Troya Band и DJ Flowzy
Недела, 9 јули
– 8:00 Доручек
– 10:00 Голема велосипедска тура
– 15:00 Ручек
Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и
off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа.
Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност.
Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците.
Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици.
Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум.
Поврзани содржини
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Ќе има ли доволно вода во Мантово за успешна наводнувачка сезона? Апел до земјоделците за рационално користење на водата
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
3 недели agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
1 месец agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
