Струмица
Костадинов: Не ја разбирам потребата на одредени невладини организации да се занимаваат со моето човеково право на верување во Бога
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов со рекација на социјалните мрежи на нападите упатени кон него, особено од како што рече, невладините организации, за поддршката што ја дава за трибините и јавната дебата поврзни со Законот за родова еднаквост.
„Не ја разбирам потребата на одредени невладини организации да се занимаваат со моето човеково право на верување во Бога, не разбирам зошто истото им пречи.Јас сум човек кој има разбирање за сите, но со сигурност не и за нив.
Иако без ниту еден кажан збор, сум мета на одредени индивидуи, јас сум човек растен во духот на Христијанството и ќе простам.После неколку пати толеранција доведен сум до степен да си ја заштитам мојата Струмица, моите струмичанки и струмичани.
Побарав извинување за навредените богољубиви граѓанки и граѓани на Струмица и не го добивме, денеска повторно по ФБ статуси, по коментари сме навредувани, омаловажувани како луѓе и тоа нема да помине.
Од утре како градоначалник со целото мое законско право ставам ништовност на секој меморандум на таквите невладини организации и Вето доколку било каков допис стигне до општината од нивна страна!Кога е Струмица во прашање нема компромиси, се работи за нашите деца, нашите внуци, станува збор за сите нас!Еднаквите можности помеѓу жените и мажите во Струмица се посилни од кога било!“ стои во објавата на градоначалникот Костадинов.
Преземено од https://www.facebook.com/kostadinkostadinov4
Поврзани содржини
Амбасадорката на Кралството Шведска во посета на Општина Струмица
Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца
Над 1000 маскирани лица на Струмичкиот карневал, поради недостиг на сместување откажани неколку странски карневалски групи
Отворено инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица
Градоначалникот Костадинов на младите со најдобри бизнис идеи им врачи ваучери од по 60 илјади денари
Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци
Струмица
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица
Published
2 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.
За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Струмица
Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата
Published
2 недели agoна
септември 5, 2023By
Media Press
Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Струмица
Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село
Published
4 недели agoна
август 25, 2023By
Media Press
Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
