Советот на Општина Радовиш ја одржа 31 седница со седум точки на дневен ред и една предлог допуна
Советот на Општина Радовиш ја одржа 31
седница со дневен ред од 7 точки и една дополнителна предлог допуна на дневниот
ред. Седницата помина без поставени прашања
по првата точка од деневниот ред Советнички прашања.
Во втората и третата точка од дневниот ред беа усвоени Годишните
планови за вработување во 2024 година во ООУ Коста Рацин од Подареш, и во Крсте
Петков Мисирков во Радовиш.
Потоа следуваше Предлог одлука за позитивно мислење на урбанистички
проект за парцелација на градежна парцела при што беше поставено прашање за
дополнително појаснување околу оваа градежна парцела.
Во продолжение следуваше Предлог одлука за одобрување на
финасиски средства на Здружение Здрава еко – долина од Радовиш за одржување на
настан „Меден Радовиш“ во висина од 30
илјади денари. Потоа следуваше Предлог одлука за ослободување од комунална
такса за поставување на урбана опрема на јавна површина.
Предлог -одлуката за намалување на цените на линискиот превоз на ученици кои минатата година поради енергетската криза Советот донесе одлука за зголемување на цените од 40 денари, повторно беше на дневен ред за што образложение даде градоначалникот Ацо Ристов.
Двајцата советници Александра Трајанова Илиев и Енис Омер,
поради судир на интереси, беа изземени од гласање на оваа точка.
На крајот беше изгласана и предлог допуната на дневниот ред односно Предлог -одлука за сопствено учество за аплициран предлог проект за е- полначи за електрични возила за техничка доклументација преку проектот јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти фаза два кој го имплементира УНДП со финасиска поддршка на Шведската агенција за Меѓународна сорабодка СИДА и Бирото за регионален развој, донесен преку Центар за развој на ЈИ Регион во кој се опфатени пет општини од Југоистокот.