Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 31 седница со седум точки на дневен ред и една предлог допуна
Објавено на
Од
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 31 седница со дневен ред од 7 точки и една дополнителна предлог допуна на дневниот ред. Седницата помина без поставени прашања по првата точка од деневниот ред Советнички прашања.
Во втората и третата точка од дневниот ред беа усвоени Годишните планови за вработување во 2024 година во ООУ Коста Рацин од Подареш, и во Крсте Петков Мисирков во Радовиш.

Потоа следуваше Предлог одлука за позитивно мислење на урбанистички проект за парцелација на градежна парцела при што беше поставено прашање за дополнително појаснување околу оваа градежна парцела.
Во продолжение следуваше Предлог одлука за одобрување на финасиски средства на Здружение Здрава еко – долина од Радовиш за одржување на настан „Меден Радовиш“ во висина од 30 илјади денари. Потоа следуваше Предлог одлука за ослободување од комунална такса за поставување на урбана опрема на јавна површина.
Предлог -одлуката за намалување на цените на линискиот превоз на ученици кои минатата година поради енергетската криза Советот донесе одлука за зголемување на цените од 40 денари, повторно беше на дневен ред за што образложение даде градоначалникот Ацо Ристов.

Двајцата советници Александра Трајанова Илиев и Енис Омер, поради судир на интереси, беа изземени од гласање на оваа точка.
На крајот беше изгласана и предлог допуната на дневниот ред односно Предлог -одлука за сопствено учество за аплициран предлог проект за е- полначи за електрични возила за техничка доклументација преку проектот јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти фаза два кој го имплементира УНДП со финасиска поддршка на Шведската агенција за Меѓународна сорабодка СИДА и Бирото за регионален развој, донесен преку Центар за развој на ЈИ Регион во кој се опфатени пет општини од Југоистокот.
Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

