Connect with us

Конче

Видео надзор на локалитет ,,Влашки колиби” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче постави видео надзор на локалитет ,,Влашки колиби” со цел да се превенира од уништување на урбаната опрема на самиот локалитет.

Инаку безбедносните камери се инсталирани од причини што неколку пати досега се уништува урбаната опрема од несовесни граѓани, како и загадување на просторот со отпад после престојот или поминатиот викенд на локалитетот Влашки колиби.

Исто така воведе и бесплатна Wi-Fi мрежа за посетителите на ова атрактивно место на езерото Мантово, да можат да се приклучат на интернет.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Прочитај повеќе

Конче

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче

Avatar

Published

на

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.

Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.

Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.

„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци

Avatar

Published

на

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.

„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Прочитај повеќе