Радовиш

Кривична пријава за три лица, противправно се стекнале со имотна корист од околу 464 илјади денари на штета на три лица од Радовиш

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско.


Имено како што информира СВР Струмица, лицето П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со  кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Додека, Ц.С. се сомничи дека сторила кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.  
Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А., на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С.. Со податоците П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и  ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички.
Поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор  Издризово, а мал процент задржувал за себе.


Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првоосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички.
На ваквиот начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago