Радовиш

Започна 8-та Меѓународна радовишка ликовна колонија во Радовиш

Започна 8-та Меѓународна радовишка ликовна колонија -2023, во организација на ДЛУР Рада од Радовиш а под покровителство на Општина Радовиш.   Свеченото отварање беше денеска во Музејот на лубовта и уметноста, во присуство на 15-тина  уметници учесници на колонијата од Србија и Бугарија, академски сликари од Македонија како и членовите на „РАДА-ДЛУР“ и други поканети гости љубители на уметници.

Присутните уметници и гости ги поздрави претседателот на ДЛУР Рада од Радовиш, Душан Коцев и градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов кој притоа им посака успешна колонија на уметниците од земјава и странство.

Во рамките на колонијата годинава за прва пат беше промовирана и книга – поезија „ТИХОВАЊЕ или ТИХУВАЊЕ“ во која Наташа Радосавлевиќ -Нара од Србија која учествува и како ликовен уметник на колонијата, со својата уметничка душа, ќе се обиде да ги спои сликарството и поезијата.

Јас сум сликар -поет и поет – сликар и подеднакво ги сакам и двете мои деца, рече Наташа Радосавлевич -Нара, на промоцијата на својата нова книга поезија ТИХУВАЊЕ, која е преведена и на Македонски јазик. Таа досега има објавено три книги -поезија.

На свеченото отварање беа изложени уметничките дела од претходните ликовни колонии, како и изложба на скулптури од М.Е.Стефанов – Карсон.

Ликовната колонија ќе трае до петок 23 јуни во комплексот Бел камен на планината Плачковица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago