Радовиш

ООУ „Никола Карев“ од Радовиш реализираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“

Во ООУ „Никола Карев“ од Радовиш вчера се реализираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“

Секција природни науки: Млади хемичари, физичари и биолози во учебната 2022/23 година.

Активност: Примена на escape room пристапот при обработка на содржини од природните науки. Escape room училница е всушност кога учениците се „заклучени“ во просторија и се обидуват да ги решат загатките за да „побегнат“ или „излезат од собата“.

Активноста започна така што наставничките смислија приказна за проблем „наоѓање шифра за лек за некој вирус“ со што го разбудија интересот кај учениците. Преку нив учениците поделени во пет групи го повторуваа материјалот. Ги решија загатките за да ги отклучат катанците на кутијата во која се наоѓа шифрата која треба да се употреби за ослободување на докторот кој го има лекот за вирусот. Во кутијата учениците имаа и награда чоколдца.

Низ едукативна игра, работни активности, креативност, дружење, надминување на предрасуди и стереотипи во врска со културни, етнички, социо-економски разлики и промовирање на инклузивно образование преку интеркултура им се овозможи на учениците да развијат позитивни ставови кон природните науки, а со тоа и да се проверат стекнатите знаења.

Во активноста беа вклучени ученици VII-3 одд. и VIII-1одд. Наставници реализиатори на активноста беаТања Николовска и Анита Митева Цветковски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago