Роналдо навреден од понудите до
Бензема и Меси?
Клубовите од Саудиска Арабија
започнаа жестока офанзива против големите фудбалски ѕвезди, нудејќи им стотици
милиони евра да играат во нивната лига.
Кристијано Роналдо започна бран за кој медиумите шпекулираат дека
Арабија ќе ја чини дури 20 милијарди евра, се со цел промоција во кампањата за
домаќин на Светското првенство во 2030 година.
По Португалецот пристигна Карим Бензема, а додека се чека Лионел
Меси се шпекулира за понуди за Нголо Канте, Давид де Хеа, Анхел Ди Марија,
Роберто Фирмино, Серхио Рамос…
А споменатите пари наводно „го
повредиле“ Роналдо, кој се чувствува непочитуван и се заканува дека ќе го
напушти Ал Наср доколку не добие покачување.
Роналдо добиваше 200 милиони
евра по сезона, кои ги издвои Ал Итихад
за доаѓањето на Бензема , додека се споменува
дека Арапите на Меси му нудат и по половина милијарда по сезона.
Итихад го сака и Канте на кого
му нуди 100 милиони по сезона.
Роналдо пристигна во Ал Наср во
јануари и постигна 14 гола на 16 натпревари, но неговиот клуб остана без титула
иако пред неговото доаѓање беше лидер на шампионатот.
Португалецот го пропушти последното
коло поради непотврдена повреда.
Ал Наср и понуди на Заха „семе“
Ал Наср му понуди на Вилфред Заха од Кристал Палас тригодишен
договор вреден 45 милиони фунти.
Клубот во кој игра Кристијано Роналдо сака да го донесе Заха и му
понудил 15 милиони фунти годишно, објави Скај.
Според информациите, за 30-годишниот играч од Брегот на Слоновата
Коска се заинтересирани и Атлетико Мадрид и уште три клуба кои учествуваат во
Лигата на шампионите.
Заха се уште нема донесено одлука и сака да ги разгледа сите
опции.
Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува на крајот на јуни, а
не се исклучува можноста тој да потпише нов договор.
Во последните години се шпекулираше дека Заха би можел да го
напушти клубот, но најголемиот дел од кариерата тој го помина во Кристал Палас.
За Кристал Палас досега одигра 458 натпревари во сите
натпреварувања, постигна 90 гола и имаше 76 асистенции.