По Виктор
Орбан, на власт се закануваат и проруски политичари во Унгарија, Австрија и
Словачка, пишува Политико.
Во
Австрија, екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО) на чело со Херберт
Кикла е најпопуларна, а во Словачка, проруската Смер-СД, предводена од
поранешниот премиер Роберт Фицо, води на анкетите пред изборите во септември.
Ако победи,
Словачка ќе ја прекине воената помош за Украина, вети Фицо. Кикл, пак,
најавува дека ќе го искористи правото на вето на Австрија во ЕУ за да ги укине
„бесмислените“ санкции против Русија.
Популарноста на Партијата на слободата во Австрија се објаснува со
зголемената инфлација и ненадејното зголемување на барањата за азил, кои се
тројно зголемени за една година. Ова го поттикнува незадоволството од
актуелната владејачка коалиција на Австриската народна партија (ОВП) и
Зелените.
Главната опозициска партија, Социјалдемократите, е зафатена од
внатрешни борби, па партијата на Кикло има најголеми шанси да ја преземе
власта, оценува Политико.
Европските претставници предупредуваат дека победите на проруските
сили во Словачка и Австрија ќе му дадат моќно оружје на рускиот претседател
Владимир Путин против Украина и ќе ги поткопа напорите на ЕУ.
Тоа би било катастрофа, изјави претставник на Комисијата за
Политико. ЕУ веќе се бори со Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан ја
презеде контролата врз сите главни лостови на моќ, вклучително и медиумите,
создавајќи полуавторитарна држава во средината на ЕУ.
Австрија нема да има избори до есента следната година, но
постојаните тензии во владејачката коалиција ги зголемуваат шансите за
предвремени избори. Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл
Немер во моментов заостанува осум процентни поени зад ФПО.
Но, прашање е дали оваа популарност ќе се одрази на изборните
резултати. Самиот Кикл не е многу популарен, а поддршката за ФПО и
претходно се покажа како нестабилна, па многумина последниот скок на популарноста
го толкуваат како фрустрација на Австријците поради нефункционирањето на
актуелната влада.
Во Брисел на многумина им се крева косата од помислата дека Кикл
може да дојде на власт. Тој веќе беше министер за внатрешни работи во
краткотрајната влада на ФПО со ОВП во времето на поранешниот канцелар
Себастијан Куч на почетокот на 2017 година.
Еден од потезите на Кикл беше да ги преименува центрите за
регистрација на баратели на азил во „Центри за заминување“.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави за
австриски весник дека има „сериозни сомневања“ за соодветноста на Кикло за која
било министерска функција.
Кикл неодамна беше во Будимпешта каде се сретна со Орбан. Тој
не криеше дека неговата цел е Австрија да ја претвори во друга Унгарија, пишува
Политико и ја пофали Унгарија како „тврдина на националното самоопределување и
отпор против глобалистичката интервенција од Брисел“.
ФПО вообичаено има долги врски со Русија. Претходникот на
Кикл, Хајнц Кристијан Штрахе, потпиша договор за партнерство со партијата на
Путин во 2016 година, а Кикл денеска повторува дека договорот е истечен, но тој
и другите членови на ФПО не ја кријат својата наклонетост кон Русија.