Connect with us

Струмица

Лишени од слобода две лица од Струмица за неовластена размена на парични средства

Avatar

Published

на

На 06.06.2023 во 13.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.А.(66) и М.Д.(67), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати како со други лица вршат  неовластена размена на парични средства, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени различни валути во вкупна вредност од околу 1.000.000 денари, а кај М.Д. различни валути во вредност од околу 110.000 денари.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење, информира СВР Струмица.

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село

Avatar

Published

на

Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе