Connect with us

Василево

Започна изградбата на улица во Едрениково од Програмата за патишта за 2023 на Општина Василево

Avatar

Published

на

Во населеното место Едрениково во тек е изградба на улица, планирана со општинската Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2023 година.  Увид во текот на активностите направи градоначалникот на општината Славе Андонов, кој информираше дека со изградбата на оваа улица, општина Василево практично ја започнува реализацијата на годинешната Програма за локани патишта и улици со која се планирани вкупно 13 улици во повеќе населени места на општина Василево.

Должината на оваа улица изнесува 65 метри а ширината околу 3метри, односно согласно предмер пресметката  вкупната површина што ќе се асфалтира изнесува 200 м2. Средствата во висина од 264 285 денари  се обезбедени од општинската каса.

Комплетната изградба  би требало да се случи во текот на наредните денови, односно активностите да продолжат во континуитет  до асфалтирање.

Василево

Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

Avatar

Published

на

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Прочитај повеќе

Василево

Во Радичево одбележан историски настан

Avatar

Published

на

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, денеска беше одбележана 82-годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени  темелите на идната заедничка револуционерна соработка.

За настаните од тој период,  за целта и мотивите на тогашната средба беше прочитан реферат.

Пред спомен плочата се поклонија делегаии од општина Василево и од општинските одбори  на Сојузот на борците од Струмица и Струмичко и Радовиш.

Прочитај повеќе

Василево

Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево

Avatar

Published

на

Под покровителство на општина Василево, во населеното место Пиперево, на 12.07.2023 година, Петровден  и годинава ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче. Турнирот е во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од ова населено место.

Во тек е пријавувањето кое ќе трае до 11-ти јули, 2023 година, кога ќе биде спроведено и ждребањето на екипите.

Според Организаторот, право на учество имаат екипи од струмичкиот регион. Котизацијата изнесува 4 000 денари. На турнирот освен за најдобрите екипи, награди ќе бидат доделени и за најдобар играч, најдобар голман и најуспешен стрелец. Турнирот ќе се одржи на игралиштето во центарот на село Пиперево.

За следење на сите информации поврзани со овој турнир, отворена е и посебна и ФБ страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100093093207365

За дополнителни информации и пријавување учество, заинтересираните треба да го  контактираат организаторот на следниве телефонски броеви: 078 423 181 и 078 858 269.

Прочитај повеќе