Connect with us

Радовиш

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Avatar

Published

на

„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и  годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.

ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.

На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.

Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.

Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе