Спорт
Меси го прифати најголемиот договор во историјата!
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
ЛИОНЕЛ МЕСИ ќе го напушти ПСЖ на 30 јуни, по две сезони во Париз. Се чини дека 35-годишниот Аргентинец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, земјата во која пред половина година замина и Кристијано Роналдо.
Меси неодамна отпатува во Саудиска Арабија, но тврди дека не отишол да преговара за деталите од договорот, туку дека извршувал амбасадорска должност. Саудиски Ал Хилал му нуди 600 милиони евра по сезона, дури три пати повеќе отколку што Роналдо заработува во Ал Наср.
Инсајдерот Санти Ауна за Footmercato пишува дека таткото на Меси Хорхе ја прифатил понудата од 1,2 милијарди евра од Саудијците и дека ќе ја добие и најголемата провизија во историјата на фудбалот.
„Првиот избор на Меси е секогаш да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб не може да го доведе и тој се сврте кон Саудиска Арабија. Неговиот татко веќе ја прифатил понудата на Ал Хилал“, пренесува Ауна.
Ал Хилал наводно исто така се согласил да го доведе Серхио Бускетс од Барселона, а исто така се обидува да го донесе и неговиот соиграч Жорди Алба. Францускиот новинар Мохамед Бухафси тврди дека Саудијците им ветиле на Меси и Марко Верати од ПСЖ.
Поврзани содржини
Спорт
Ливерпул го реализираше еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот
Published
2 месеци agoна
август 11, 2023By
Media Press
Англискиот Ливерпул го договори трансферот на Еквадорецот од редовите на Брајтон, Мојсес Кајсед за 126 милиони евра, на денот кога стартува новата сезона во Премиер лигата.
За потписот на Еквадорецот беше „во игра“ и Челзи, но „црвените“ беа поубедливи и добија сигурен дефанзивен играч за врска.
Кога ќе се комплетира трансферот на Каиседа, тој ќе биде шести по големина во историјата на фудбалот, веднаш зад трансферот на Нејмар во ПСЖ (222 м.), трансферот на Мбапе во ПСЖ (180 м.), Кутињо во Барселона (135 м.), трансферот на Дембеле. до Барселона (135м) и трансферот на Феликс во Атлетико Мадрид (127м).
Каиседо беше еден од најдобрите играчи на Брајтон минатата сезона.
Претходната сезона не беше ниту во Англија бидејќи таа натпреварувачка година ја мина во белгиски Бершо, а од 2021 година е дел од европскиот фудбал.
Тој пристигна во Брајтон од еквадорскиот Индепедиенте.
Само една година подоцна тој чекаше да биде една од најголемите трансфер приказни во историјата на фудбалот и секако стана најголемиот трансфер во историјата на еквадорскиот фудбал.
Преселбата во Ливерпул ќе биде официјализирана во петок, откако тој ќе ги заврши медицинските прегледи.

Манчестер Јунајтед ја прифатил понудата на Вест Хем за стоперот Хари Мегваер, објави Фабрицио Романо.
„Чеканите“ понудија 30 милиони фунти (35 милиони евра) за некогаш најскапиот стопер во светот.
Единствена пречка за трансферот се условите кои Вест Хем му ги нуди на Мегваер, кој од летово има годишна плата од 12 милиони евра од Јунајтед.
Јунајтед му плати на Лестер рекордни 80 милиони фунти за Мегваер во 2018 година.
Договорот го обврзува со Јунајтед уште две сезони, според кои заработува речиси 200.000 фунти неделно.
Поради честите грешки во одбраната, минатата сезона стартуваше само на 16 од 61 натпревар, а на стоперската позиција беше само петта опција за Ерик тен Хаг.
Инаку, Јунајтед планира да продаде повеќе Скот Мектомини и Фред, а од сите три трансфери очекуваат приход од околу 90 милиони фунти.
Спорт
Анти-саудиска клаузула доаѓа во фудбалот?
Published
2 месеци agoна
август 7, 2023By
Media Press
Клубовите од Саудиска Арабија потрошија многу пари и одзедоа бројни играчи, а тоа не му се допаѓа на Наполи.
Фудбалската лига на Саудиска Арабија е посилна од кога било досега и по имиња посилни од повеќето европски лиги, а тоа не им се допаѓа на сите.
Аурелио де Лаурентис, сопственикот на Наполи, е подготвен да воведе новина во светот на фудбалот, односно антисаудиска клаузула.
Клаузули во договорите не се ништо ново, постојат во светот на спортот, во договорите на обичните работници и нормалните секојдневни луѓе, но ваквата клаузула е нешто ново.
Што е тоа? Наполи планира да постави излезна клаузула за своите играчи, додека во случај на интерес од клубови од Саудиска Арабија, таа клаузула би била многукратно посериозна.
Ќе видиме како ќе функционира во пракса и дали е изводливо да се воведе ваква клаузула, но дефинитивно многу би променила доколку се вклучи.

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат
