Конче
Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица
Published
4 месеци agoна
By
Media PressЗдружението на пензионери од општините Радовиш и Конче, вчера организира Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“ во село Долна Враштица, во близина на локалитетот Влашки колиби.

Присутните пензионери ги поздрави претседателот на здружението Ефтерпи Димитрова која спомна дека оваа средба ја органзираат во чест на светите браќа Кирил и Методиј.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој ги поздрави присутните пензионери и рече дека ќе ги подржуваат како општина и во иднина.
Пензионерите уживаа во прекрасната природа, се дружеа меѓусебе и се забавуваа со музика во текот на целиот ден.
Поврзани содржини
Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра
Тренчевска порача дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани, ќе се разговара за сите отворени прашања
Радовишките пензионери излегоа на протести, бараат линеарно покачување на пензијата
Ќе има ли доволно вода во Мантово за успешна наводнувачка сезона? Апел до земјоделците за рационално користење на водата
Натпревар во спортски риболов се одржа на езерото Мантово во Општина Конче
„Авантурите на Конче и Мантово“, дводневен настан велосипедски тури, ќе се одржи на езерото Мантово
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
3 недели agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
4 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат

Седум работи кои можат да го оштетат видот без да знаеме!

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
