Connect with us

Радовиш

Започна „САЕМ НА КНИГИ 2023“ во ОНБ „Браќа Миладиновци„ во Радовиш

Avatar

Published

на

Денеска свечено беше отворен  „САЕМ НА КНИГИ 2023“ во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ во Радовиш во присуство на ученици и други  поканети гости. На почетокот свое обраќање имаше Ксенија Маказлиева Трајчева, од Просветно дело, на тема, „Саемот на книгата, отворена врата кон светот на книжевноста“.

Свое обраќање имаше и директорот на библиотеката Станој Петров, кој рече сека на саемот со свои штандови сопствени изданија промовираат 15 издавачки куќи од Македонија со над 1.500 наслови.

Саемот го прогласи за отворен градоначалникот Ацо Ристов, кој испрати порака децата да се врата на читањето книга. 

Во продолжение следуваше и промоција на книгата „Борко брзозборко“ од  Ксенија Маказлиева Трајчева.

 Во текот на неделата додека трае саемот ќе бидат организирани и дополнителни содржини и настани. На истиот се изложени дела на десетина штанда од повеќе издавачки куќи. По пристапни саемски цени ќе има понуда на најновите наслови од белетристика, лектирни изданија, боенки, сликовници, речници и разговорници.

Саемот ќе биде отворен до 01 јуни, четврток, со деневен продажен термин од 10 до 19 часот.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе