Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш
Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш, кој раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај годинава, по извршените промени во органите на управување и раководење, информираат од двете компании.
„Ве известуваме дека со Одлука за промена на
управители, донесена од страна на Содружникот на Друштвата, извршени се промени
во органите на управување и раководење на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ
“Бучим” ДООЕЛ Радовиш. Имено на 22.05.2023 назначен е нов управител на Друштвата – Александар Раков, кој доаѓа на местото
на досегашните управители Олег Чусовитин во ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ Радовиш и
Хумберто Матхеус во ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.
Г-дин Александар Раков, е дипломиран рударски инженер со специјалност
за технологија и комплексна механизација на површинска експлоатација на минерални суровини. Има богато професионално
искуство со повеќе од 45 години во раководење на рудници ширум светот, каде што
под негово раководство, рудниците ги достигнуваат најдобрите резултати. Својата
работна кариера во рударството ја започнува во 1978 година, а во неговата долга
кариера во рударскиот сектор бил носител на повеќе менаџерски позиции во повеќе
рудници. Александар Раков застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол
и раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај, 2023 година“, стои во
известувањето од двата рудника Бучим и Боров Дол.
Инаку во текот на изминатите четири децении, рудникот Бучим претрпе голем број транзиции за да стане компанија која што е денес. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата, која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина, а го отвори и новиот рудник Боров Дол.