Connect with us

Василево

Општина Василево склучи меморандум за соработка, за реализација на Проект на УСАИД

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов денеска склучи Меморандум за соработка со ДТ Глобал Интернационал Девелопмент, кој е изведувач и имплементатор на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите и  искористување на ресурсите, чија цел е преку партнерство со Владата на Македонија и единиците на локална самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална  децентрализација.

„Општина Василево е избрана да биде дел од третата група партнер-општини на Проектот на  УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

За таа цел, денеска присуствував на настанот „Партнерство за поефикасни општини“ каде се организираше потпишување Меморандум за соработка со третата група партнер-општини“, информира градоначалникот Славе Андонов.

 Целта на овој Меморандум е да ги опише целите на УСАИД проектот и да ја дефинира взаемната соработка предвидена при спроведувањето на овие цели меѓу Општина Василево и ДТ Глобал. Со меморандумот е опфатено и зголемување на приходите од сопствени извори на општина Василево, подобрување на капацитетите за планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, подобрување на пристапот до потенцијалните извори на надворешно финансирање, соопштува градоначалникот Андонов.

Василево

Во населеното место Сушево се асфалтира улица

Avatar

Published

на

Општина Василево денеска асфалтира улица во село Сушево која претставуваше деценисики проблем на граѓаните.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет.

Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година.

Улицата е со  должина од 75 метри   и  ширина од   околу 3,5 метри односно асфалт  од 275 м2.  Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува  жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.

Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.

Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано асфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

Avatar

Published

на

Општина Василево и годинава ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“,  кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К`рмзов.

Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи во недела на 28.05.2023 година.

Сите заинтересирани учесници,  во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот.  За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.

За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба  со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.

Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.

Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број 071 253 203.

Планинарскиот марш „По патеките на  Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржува по 12-ти пат.

Прочитај повеќе

Василево

Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево

Avatar

Published

на

Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево.

ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево.  Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.

„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево, на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе