Македонија
30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, преглед на ученици во близина на училишта
Published
2 недели agoна
By
Media Press
30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, заеднички превентивни контроли на полициски инспектори и социјални работници за поголема безбедност меѓу учениците, информира МВР.
Вчера во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон.
При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.
Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Од МВР Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста на децата и на останатите граѓани.

Поврзани содржини
Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Претреси во Скопје, приведени 16 лица
74 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Приведени двајца крадци кои краделе во радовишко
Пет возила-комби од струмичко, вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари
Македонија
МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес
Published
3 дена agoна
јуни 1, 2023By
Media Press
Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.
Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.
„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.
Македонија
Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.
„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.
Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.
Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica
Земјоделие
МЗШВ: Мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година сепак нема да продолжи
Published
1 недела agoна
мај 26, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во земјава, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.
„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.
Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.
Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита“, соопштуваат од МЗШВ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
