Македонија

ССС: Неразумна е изјавата на министерот дека ако сега се зголемат платите на работниците ќе има импликации на инфлацијата

ССМ најостро се спротиставува на изјавата на Министерот за финансии, Фатмир Бесими дека вработените треба да почекаат за зголемување на нивните ниски плати до 2024 година.

„Неразумна е изјавата на министерот дека ако сега се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата. Оценката на министерот дека дијалогот во Економско социјалниот совет за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор ( онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба. До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78% во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување. Дали имаат барем трошка совест кога говорат дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата додека над 1100 функционери си ги полнат џебовите“, стои во рекацијата од ССМ.

„До кога со ваквите политики на Владата, работниците ќе немаат ниту за леб туку за трошки, а функционерите за торта и колачи и до кога работниците ќе ги толерираат ваквите функционери! Нема друга држава во европа и во светот каде што функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78%, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78%. Работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, зошто само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“ додаваат од ССМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago