Македонија

Бесими: Платите на вработените во јавниот сектор ќе растат системски, преку утврдена методологија за диманика на раст

Платите на вработените во јавниот сектор ќе се дефинираат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции и Oпштиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за системско решавање на динамиката на раст на платите на вработените во јавниот сектор.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новинарите на која потенцира дека донесувањето на Законот за плати е подолгатрен процес, но дека процес кој е на повидок за да се заокружи е донесувањето на Општиот колективен договор кој ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.

„Оптшиот колективен договор е прашање за кое се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет. Минатата недела имавме состанок и оптимист сум во однос на изноѓање решение. Имаше два предлога, основицата да биде минималната плата или просечната плата.  И двата се прифатливи за нас. Тоа е голема реформа, која не се одвива во една година и треба да има транзициски период“, истакна министерот Бесими.

Министерот потенцира дека кое и да се прифати решението треба да биде одржливо, да обезбеди достојни и пристојни плати за вработените и да се штити животниот стандард и инфлаторните движења. Како што се воспостави системи со минимaлната плата и пензиите, така и кај платите на вработените во јавниот сектор ќе се воспостави систем во кој растот на платите ќе ги земе предвид трошоците на живот и перформансот на економијата, односно просечната плата.

„Во изминатите години има раст на платите во повеќе сектори во јавниот сектор и со системското решение ќе продолжи тој раст на платите“, рече министерот за финансии кој додаде дека решението за раст на платите треба да се применува од наредната година, бидејќи сите реформи што се спроведуваат треба да бидат предвидени во среднорочната рамка.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago