Струмица
Околу 80 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Published
11 месеци agoна
By
Media PressСВР Струмица во спроведена контрола санкционира околу 80 возачи за пречекорувања на брзината на подрачјето во Југоистокот, од кои најголем број казни биле изречени на подрчјето на Радовиш.
Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Поврзани содржини
Превентивна активност на СВР Струмица „Има помош за живот без насилство“
При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината
Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината
Во Полициската станица- Струмица пријавено дека исчезнала 17-годишна девојка
Кривична пријава против двајца затворски работници во КПУ Затвор Струмица кои сториле по две кривични дела
Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
1 недела agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.
Струмица
Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници
Published
1 недела agoна
март 21, 2024By
Media PressНа 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.