„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, основните училишта и средното училиште
Како дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, основните училишта и средното училиште, спроведе масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.
„Масовната вклученост на учениците, придонесе денес да бидеме горди на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.Упатуваме огромна благодарност до општинските основни училишта „Никола Карев“, „Крсте Петков Мисирков“, „Орце Николов“ од Ињево со подрачните училишта во Калугерица и Злеово, „Кирил и Методиј“ од Ораовица, „Коста Рацин“ од Подареш и секако до СОУ „Коста Сусинов“ – особено до овогодишните матуранти, кои покажаа сериозна еколошка свест и мотивација за чист Радовиш. Голема благодарност и до ЈП „Плаваја“ кои професионално одговорија на својата задача, како и до ОВР Радовиш и Црвениот крст за нивната поддршка.Собрани се повеќе од 300 вреќи отпад од дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.Акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ е всушност првиот дел од големата кампања на општина Радовиш “ЧИСТА ОПШТИНА – ЧИСТИ СРЦА”, која почнува овој месец а ќе следуваат уште повеќе акции и хепенинзи кои ќе имаат една и само една цел – чист и убав Радовиш“ велат од општина Радовиш.
Се чистеше на повеќе локации : Кругови на основни и средно училиште, Речно корито на радовишка река, Пат кон градска депонија, Паркинг Орел, Автобуска, Градски полигон, Парк на ул. Кирил и Методиј (Техналк), Парк и игралиште на ул. Вардарска (Мрежите), Круг на стара касарна, Регионален пат кон Плачковица, Парк Тошко Кукутанов и околу основен суд, Улица Плачковица (кај Бозгелот),Круг околу Сп.сала и Шампион, Паркови и главни улици по населени места, Градски парк и парк на млади.