Connect with us

Македонија

Баргала од Штип оди во стечај, работниците да пријават побарувања во рок од 15 дена

Avatar

Published

на

По повеќе годишна борба на работниците и ССМ, отворена е стечајна постапка за поранешниот гигант АД „Баргала“ – Штип што произведуваше чевли. После 2 години од поднесувањето на Барањето за престанок на работодавачот АД Баргала од Штип од повеќе од 80 работници заедно со ССМ и СТКЧ и сите пречки кои ги правеа и стечајниот судија  Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев, Стечајниот управник на последното судско рочиште во Основниот суд – Штип кое се одржа на 08.05.2023 година конечно предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана, а како побарувачи се јавуваат над 50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот АД „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра, информираат од ССМ.

„Борбата која ја водеа работниците заедно со ССМ и СТКЧ конечно даде резултат и газдите на АД Баргала од Штип повеќе не се газди туку се исто што и работниците.

На работниците им укажуваме дека во рок од 15 денови од денот на објавата на Решението во Службен Весник потребно е да поднесат пријава до Стечајниот управник за праични побарувања од работен однос ( не исплатени плати, регрес за годишен одмор и надоместотиц и трошоци ), а за што пријава можат да преземат на следниот линк ПРИЈАВА и кон истата да приложат фотокопија од лична карта, трансакциска сметка, акт на работодавачот ( доколку го имаат за утврдедено право ) и истите во два примероци да ги достават на адреса на стечајниот управник.

Истовремено, на работниците кои се во работен однос им укажуваме со одјавите М1М2 образецот да поднесат барање во Агенцијата за вработување – АВРМ за паричен надомерсток за метеријално обезбедување по основ на стечај, за што во рок од 30 денови ќе добијат решение и исплата на надоместокот од АВРМ“ стои во објавата на ССМ.

Дополнителни информации можат да добијат во Синдикатот за текстил, кожа и чевли – СТКЧ https://ssm.org.mk/…/stechaj-za-bargala-ad-shtip…

Македонија

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Avatar

Published

на

Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд

Avatar

Published

на

Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.

Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Прочитај повеќе

Земјоделие

МЗШВ: Мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година сепак нема да продолжи

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во земјава, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.

Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.

Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита“, соопштуваат од МЗШВ.

Прочитај повеќе