Connect with us

Македонија

Јавен повик за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

Avatar

Published

на

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки: Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk – Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајки ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година. – Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја ев

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121.

Услови кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

1. За инвестиции во приклучна земјоделска механизација – Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура или 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено или 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

2. За инвестиции во опрема за производство на тутун – Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

3. За набавка на силоси – Максимален капацитет на силос од 25 тони.

4. За инвестиции во во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло – За инвестиции во мандри – минимум 150 овци и/или 50 кози

5. За инвестиции во пчеларска опрема – Центрифуга, топилник за восок, млин за шеќер, пчеларска вага, садови за мед, декристализатор и електричен отклопувач на саќе.

ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk .

 Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка не подоцна од 10.06.2023 година.

Повеќе информации може да видите на следниот линк: https://bit.ly/3nLXCSn

Македонија

Петок неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Avatar

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.

Прочитај повеќе

Македонија

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства

Avatar

Published

на

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик“ стои во известувањето од ОЈ – Скопје.
„Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.
Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница“ соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје .

„Креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела, е фатен и лишен од слобода од пријателска Турција на нивната територија“, соопшти доцна синоќа на прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.

Повеќе на:https://mvr.gov.mk/vest/29348

Прочитај повеќе

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе