Connect with us

Радовиш

Утре меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители од радовишко

Avatar

Published

на

ОВР Радовиш и годинава ќе биде организиратор на меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители кои потекнуваат од нашата општина Готак, Соколов и Крстев.

Имено, во нивна чест а воедно и одбележувајки го денот на Македонската полиција потпомогнати од Градоначалникот на општина Радовиш и Македонскиот Полициски Синдикат на 6-ти Мај 2023 година / сабота/ ќе се реализираат следните активности: –        09.00 часот – Положување на цвеќе на споменикот на бранителите, лоциран пред влез на ОВР Радовиш, на кое ќе присуствува и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

   09.35 – 12.20 – Отварање на турнирот од страна на Министерот Спасовски и проследување на натпреварите во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш.

Во 12.20 часот – Поздравен говор на началникот на ОВР Радовиш                                   Поздравен говор на градоначалник на Општина Радовиш и доделување плаќети на семејства, пехари за освоени места на екипите, признанија и благодарници.

ОВР Радовиш ги поканува заинтересираните граѓаните да ги проследат настаните.


Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе