Василево

ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник

ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, денеска на свечен начин, со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и пригодна програма подготвена од учениците, го одбележа својот патрон празник и 120 годишнината од смртта на великанот Делчев.

„Денес ние како граѓани на оваа земја треба да го продолжиме наследството на Гоце Делчев и да го продолжиме неговиот борбен дух и пример. Со дадената привилегија да го имаме основното училиште со неговото име мораме да се заложиме за почитување на неговата мисија и дело, порача директорот на училиштето Дејан Стојанов во своето обраќање пред присутните.

На присутните им се обрати и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„Ми претставува чест и задоволство, денес, заедно со сите Вас, да се поклониме пред бистата на великанот, патронот на нашето училиште, еден од најголемите македонски синови, Гоце Делчев, да одбележиме 120 години од неговата смрт, од убиството со кое згасна животот на младиот револуционер, но не и неговата идеја, која ние, неговите наследници, синовите и ќерки македонски, ја шириме повеќе од еден век, рече градоначалникот Андонов, кој упати и посебна порака до учениците: Драги ученици, знаењето е вашата моќ. Нека биде  ваш најголем сојузник на патот кон успехот и посакуваната светла иднина. Вашите резултати нека бидат наша причина за гордост.  Вашиот успех нека биде добриот глас  и пораката испратена од нашето училиште, дека токму во духот на Гоцевата максима,  со силата на знаењето ја покажувате моќта  и насоката во која се движите“  порача Андонов.

Учениците на најубав можен начин, преку  пригодна програма покажувајќи ги своите знаења и вештини го чествуваа името и делото на големиот  Гоце Делчев- патронот на училиштето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago