Конче
Со пригодна програма и откривање на спомен биста, ОУ „Гоце Делчев“ од Конче, го одбележа својот патронен празник
Published
1 месец agoна
By
Media PressСо пригодна програма подготвена од учениците и наставниците и откривање на спомен биста, ООУ „Гоце Делчев“ од Конче денеска го одбележа својот патронен празник. Во присуство на голем број поканети гости и соработници, ученици и вработени во училиштето и по повод 120 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, беше откриена спомен бистата и положено свежо цвеќе.

Во рамките на програмата наградените ученици по литературниот конкурс читаа литературни творби, посветени на великанот Гоце Делчев.
Откривањето на бистата го извршија директорот на училиштето Горјан Трајков и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов по што цвеќе положија делегација од училиштето со директорот Трајков, делегација од Општина Конче со градоначалникот Златко Ристов, и делегација од ЈП Лакаавица од Конче.

Одбележувањето на патрониот празник започна од вчера со повеќе активности, а продолжи денеска со спортски натпревари, ликовна колонија која се одржа во дворот на манастирот свети Стефан и се заокружи со свечениот дел.
На денешната свеченост беа доделени дипломи и награди на ученици за освоено прво, второ и трето место во литературен конкурс и во ликовна колонија, и дипломи и награди за освоено прво, второ и трето место, на спортски екипи во мал фудбал женски и во мал фудбал машки од основните училишта од општините Радовиш и Конче.
ООУ Гоце Делчев во соработка со Општина Конче го реализира проектот за хортикултурно уредување на дворот при што беше поставена и спомен биста на Гоце Делчев, за достоинствено одбележување на патрониот празник секоја година.






Поврзани содржини
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче
Хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во населените места во Општина Конче
ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник
Со положување на свежо цвеќе и свечена акдемија, СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш го одбележа својот патронен празник
Општина Конче утринава, во зимска идила
Започна реконструкцијата на Домот на културата во с. Лубница, Општина Конче
Конче
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче
Published
2 дена agoна
јуни 1, 2023By
Media Press
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Конче. Заедно со Златко Ристов – Градоначалник на општина Конче беа во посета на Долни Липовиќ каде е изградено ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари, а извршшија увид и на градежните активности на Канализациона мрежа во Конче во вредност од 21 милион денари.
Конче
Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица
Published
5 дена agoна
мај 29, 2023By
Media Press
Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче, вчера организира Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“ во село Долна Враштица, во близина на локалитетот Влашки колиби.

Присутните пензионери ги поздрави претседателот на здружението Ефтерпи Димитрова која спомна дека оваа средба ја органзираат во чест на светите браќа Кирил и Методиј.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој ги поздрави присутните пензионери и рече дека ќе ги подржуваат како општина и во иднина.
Пензионерите уживаа во прекрасната природа, се дружеа меѓусебе и се забавуваа со музика во текот на целиот ден.
Конче
Хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во населените места во Општина Конче
Published
3 недели agoна
мај 12, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со хортикултурно уредување на населените места во општината и изградба на детски паркчиња и поставување на урбана опреме за пријатен престој на дечињата и на останатите граѓани.

„Приоритет од самиот старт на функционирањето како локална самоуправа ни претставува еколошката вредност на секое населено место како придобивка на секој граѓанин. Со таа цел чекориме сигурно и стратешки во хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во секое катче како природна убавина кој заслужува да ја ужива секој. Завршено во Д. Липовиќ, а наскоро продолжуваме во Дедино…“ напиша градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
