Македонија

Денеска се одбележува Светскиот ден на слобода на медиумите

Денешниот ден, под мотото„Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти  пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

„Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите“ стои во соопштението од АВМУ.

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите

По повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.

Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци. А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago