Радовиш

Финализирана локалната акција за поставување на јавно осветлување со соларно напојување во ромските маала во Радовиш

Претставници од Институтотза истражување и анализа на политики „Ромалитико” од Скопје, беа во општина Радовиш за да ја финализираат локалната акција за поставување на јавно осветлување со соларно напојување во ромските маала.

На средбата со градоначалникот Ацо Ристов договорена е и реконструкција на улица во должина од 150 метри во месноста Полигон каде што живеат повеќе од 15 ромски семејства.

 „Во рамките на кампањата “Зелени ромски маала” договорено е и хортикултурно уредување на просторот Полигон и урбанизација во центарот на ромското маало – Бозгел.

Во тек е поставување на вкупно 50 соларни светла низ улиците на Шаин Маало, Коџа Баир, Бозгел и Калуѓерица. Овој проблем со јавното осветлување во ромските маала конечно се решава после 2 години соопштуваат од Општина Радовиш.

За имплементација на оваа акција од Ромалитико се заблагодаруваат на Led Market кој несебично донираше 180.000 денари за набавување на светлата потребни за оваа акција. „Нивната општествена одговорност е пример како бизнис секторот заедно со граѓанскиот сектор може да направи промена во заедницата“, велат од Ромалитико.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago