Радовиш
Општина Радовиш започна со активности за реализација на проектот ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА
Published
7 месеци agoна
By
Media PressВчера се одржа првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, кој има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот.
На средбата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој го презентираше проектот пред членовите на групата, вреден околу 1,5 милиони евра, обезбеден грант. Општината очекува дека овој проект ќе ги поврати средствата за околу 3 години, кои потоа ќе бидат инвестирани во инфраструктурни проекти. Станува збор за производство на електирчна енергија која ќе се користи за затолување но и за ладење на петте јавни институции: Општинска зграда, Спортска сала “25 Мај“ , ООУ „Крсте Петков Мисирков“, СОУ „Коста Сусинов“ и ДГ „Ацо Караманов“ – објект, Детско изворче.

Градоначалникот ги објасни спецификите на проектот и ги истакна придобивките од зелените извори на енергија. Тој ја истакна важноста на проектот за градот, наведувајќи дека тој е значаен чекор кон одржлива иднина.
Еден од клучните резултати на состанокот беше зголеменото ниво на транспарентност во проектот. Членовите на групата имаа можност да поставува прашања и да добијат одговори од градоначалникот и проектниот тим.
Проектот Зелена топлина се реализира во соработка со Европската унија, Министерството за локална самоуправа и граѓанската организација ЦеПроСард од Скопје. Проектот ја покажува посветеноста на општината за промовирање на еколошки практики и намалување на трошоците за енергија за јавниот сектор. Сите активности на проектот се очекува да биде завршени до 2025 година.
Поврзани содржини
ООУ „Крсте Петков Мисирков“организира хуманитарен настан: Играме одбојка за инклузивна градина
ООУ „Никола Карев“ од Радовиш реализираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“
Општина Радовиш продолжува со активностите од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“
Претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата пред радовишани
Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш
Корисниците од ДЦ Порака од Радовиш, дел од проектот „Волонтерска порака -2022“
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
