Радовиш
Одржана 28-та седница на Советот на општина Радовиш, усвоени голем број на Предлог-решенија и Предлог-одлуки
Published
1 месец agoна
By
Media PressОдржана 28-та седница на Советот на општина Радовиш, со дневен ред од 23 точки, и предложени 3 точки за дополнување на дневниот ред.
Советниците имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-решенија и Предлог-одлуки, но на почетокот имаа можност да постават Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.

По претходно детално образложени од страна на градоначалникот Ристов, беше изгласана едногласно Предлог иницијативата за изготвување на физибилити студија за воспоставување на јавно приватно партнерство од областа на енергетиката, за како што појасни градоначалникот, изградба на фотоволтаични централи на неупотребливо земјиште за земјоделско производство, кај рудникот Бучим.
Потоа следуваше донесување на уште две предлог одлуки, едната за ослободување од партиципација на едно дете ром во ДГ Ацо Каеаманов , Радовиш и другата Предлог – одлука за измена на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Радовиш за 2023 година, кои точки беа предложени како допуна на дневниот ред.
Потоа беа донесени Предлог решенија за разрешување на членови на постојните комисии при Советот на Општина Радовиш и именување на нови членови.
Во продолжение беше изгласана и Предлог одлуката за давање согласност за изведување на екскурсии на ученици во ОУ Коста Рацин во Подареш. Предлог одлука за донесување на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи и Предлог одлука за донесување на план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи за објект на ЕЛС Општина Радовиш.
Меѓу точките од дневниот ред беше и предлог -заклучокот за усвојување на годишен извештај за реализација на програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година и уште неколку Предлог одлуки.
Поради отсуство на Претседателката на Советот Моника Трајанова седницата ја водеше Заменик Претседателот Страхил Гавритов.
Поврзани содржини
Радовиш
Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.
ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.
На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.
Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.
Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Радовиш
Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Во недела на 04 јуни со почеток во 11 часот во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил во машка и женска конкуренција.
Учество ќе земат борачи од сите борачки клубови од Македонија. Од БК Бучим од Радовиш како домаќини ги покануваат сите љубители на борењето не ја пропуштаат оваа спортска манифестација.
Радовиш
Младите одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш го освоија првото место на Државното првенство во одбојка
Published
4 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.
Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателот на Советот Моника Трајанова им ги честитаа постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.
Градоначалникот Ристов рече дека е горд на младите спортисти што упешно го промовираат Радовиш како град и спортот во него и најави поддршка на клубот и во иднина.
Постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари се под менторство на професор Симеон Џеков, која го формира клубот и активно ги подготвува младите одбојкари. За таа цел од пред речиси една година Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со мали измени за обележување на теренот и поставување мрежа, створи услови за за тренирање на одбојкарите. Тие веќе извесен период забележуваат успеси за сега да станата прваци на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
