Connect with us

Радовиш

Сообраќајна несреќа на регионален пат Радовиш – село Ораовица

Avatar

Published

на

Синоќа после полноќ, во 00.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, на место викано „Рудина“, В.Г.(46) од село Радичево, општина Василево, управувајки патничко возило „рено клио“ со словенски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. 

Во Здравствен дом Радовиш кај возачот биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Радовиш

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Avatar

Published

на

„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и  годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.

ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.

На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.

Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.

Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил

Avatar

Published

на

Во недела на 04 јуни со почеток во 11 часот во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил во машка и женска конкуренција.

Учество ќе земат борачи од сите борачки клубови од Македонија. Од БК Бучим од Радовиш како домаќини ги покануваат сите љубители на борењето не ја пропуштаат оваа спортска манифестација.

Прочитај повеќе

Радовиш

Младите одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш го освоија првото место на Државното првенство во одбојка

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.

Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателот на Советот Моника Трајанова им ги честитаа постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.

Градоначалникот Ристов рече дека е горд на младите спортисти што упешно го промовираат Радовиш како град и спортот во него и најави поддршка на клубот и во иднина.

Постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари се под менторство на професор Симеон Џеков, која го формира клубот и активно ги подготвува младите одбојкари. За таа цел од пред речиси  една  година Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со мали измени за обележување на теренот и поставување мрежа, створи услови за  за тренирање на одбојкарите. Тие веќе извесен период забележуваат успеси за сега да станата прваци  на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Прочитај повеќе