Радовиш
Одржана Трибина во Општина Радовиш, како дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“
Published
1 месец agoна
By
Media PressКако дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“, Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Општина Радовиш организираше Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општината.

На трибината, која се одржа во салата на Советот на општина Радовиш, учесниците говореа за потребата од промовирање на принципот на недискриминација на локално ниво, можностите за соработка помеѓу институциите и организациите, постоечките локални политики за унапредување на родовата еднаквост и остварените резултати, како и детектираните случаи на дискриминација и законската можност за постапување заради спречување и заштита од дискриминација.

Говор одржаа: Лимко, Бејзароски, Член, Комисија за заштита од дискриминација,
Станко Манчевски- Советник за култура спорт и социјална заштита во О.Радовиш
Даниела Свиркова- ПО за бесплатан правна помош во О.Радовиш
Иванка Соколова – Здружението Женска акција, Радовиш

Поврзани содржини
Мицкоски со порака до ДУИ: Доста е! ВМРО -ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија
Трибина по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одржа во ОНБ „Браќа Миладиновци“- Радовиш
Радовиш беше домаќин на Трибина на градоначалниците од Југоисточниот регион кои се од редовите на ВМРО -ДПМНЕ
Трипуновски на трибина во Босилово: После овие пет години ќе биде радост ако најдеме млад човек која сака да се занимава со земјоделство
Трибини на тема „Тутунопроизводството, проблеми и решенија“ беа одржани во Радовиш и во Конче
Трибина на тема „Болести на зависност“ беше одржана во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш
Радовиш
Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.
ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.
На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.
Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.
Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Радовиш
Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Во недела на 04 јуни со почеток во 11 часот во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил во машка и женска конкуренција.
Учество ќе земат борачи од сите борачки клубови од Македонија. Од БК Бучим од Радовиш како домаќини ги покануваат сите љубители на борењето не ја пропуштаат оваа спортска манифестација.
Радовиш
Младите одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш го освоија првото место на Државното првенство во одбојка
Published
3 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.
Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателот на Советот Моника Трајанова им ги честитаа постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.
Градоначалникот Ристов рече дека е горд на младите спортисти што упешно го промовираат Радовиш како град и спортот во него и најави поддршка на клубот и во иднина.
Постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари се под менторство на професор Симеон Џеков, која го формира клубот и активно ги подготвува младите одбојкари. За таа цел од пред речиси една година Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со мали измени за обележување на теренот и поставување мрежа, створи услови за за тренирање на одбојкарите. Тие веќе извесен период забележуваат успеси за сега да станата прваци на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
