Connect with us

Радовиш

Во радовишко пронајдена поголема количина огревни дрва без документација, следуваат пријави

Avatar

Published

на

Вчера околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка.

Пред тоа, во 10.40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва. При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за 4 кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе