Connect with us

Струмица

Претседателот Пендаровски во посета на семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица

Avatar

Published

на

Претседателот Пендаровски ја посети семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица.

„Споделивме спомени за неговата личност, посветеност како политичар, но и верник кој со политиката што ја водеше урна многу стереотипи и беше високо почитуван и дома и во меѓународната заедница„ вели Пендаровки.

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ вчера ги посети општините Ново Село и Струмица.

Во Ново Село на претседателот Пендаровски му беше претставен концептот „Форум во заедницата“, како втора фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија цел е поголемо учество на граѓаните во процесите на одлучување во својата општина, подобрување на системот на локалната власт и севкупните услови за живот во локалните заедници, преку подобрување на законодавството и политиките, дигитализацијата на услугите, зголемената транспарентност и намалени можности за корупција.

Жителите на Ново Село денеска претставија шест проекти од областа на комуналната инфраструктура, од коишто самостојно ќе изберат еден кој ќе биде реализиран во нивната општина.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за проектот и посочи дека непосредното учество на граѓаните во процесите на одлучување во општините и политиките кои директно ги засегаат, придонесува за јакнење на локалната демократија.   

„Учеството на граѓаните во процесот на одлучување во нивните општини е клучно за развојот на демократијата на локално ниво и преставува најдобар начин за канализирање на потребите и желбите на граѓаните. Или како што се вели – ништо за граѓаните, без граѓаните.  Нема реален напредок, без локален напредок. Без учество на граѓаните, најпрво во своите заедници, а понатаму и во пошироките општествени процеси, не можеме да зборуваме за демократија и развиена граѓанска држава. Ако процесите не почнуваат од долу кон горе, од основата кон врвот, тогаш е јасно дека политичарите не можат да направат никаква промена затоа што ќе ја немаат поддршката од граѓаните”, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски, потенцирајќи ја важноста од вклучување и учество на младите во овие процеси.

Проектот се спроведува во десет општини и е финансиран од швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а е кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. На настанот се обратија градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и швајцарската амбасадорка, Вероник Улман.

Во Струмица претседателот Пендаровски ја посети семејната куќа на поранешниот претседател Борис Трајковски, каде со роднините на Трајковски споделија спомени за поранешниот претседател, неговата личност и за политиките што ги застапуваше.

Во Струмица, Претседателот се сретна и со шестгодишната Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак. Поздравувајќи ја храбрата постапка на младата хероина, претседателот изрази надеж дека нејзиниот пример ќе претставува мотив за сите останати во рамки на своите можности да им помагаат на ранливите групи и особено на децата кои се соочуваат со тешки болести, со цел полесно да ги надминат состојбите.

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село

Avatar

Published

на

Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе