Connect with us

Радовиш

Новите дигитални услуги, достапни до граѓаните од Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш воведува дигитални услуги со успешната реализација на проектот ‘Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој’ кој се реализираше во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и партнерство со Општина Конче.

Новата дигитална алатка опфаќа дваесет општински услуги со можноста за дополнително проширување и развој на софтверот во иднина. Главната цел на софтверот е да го олесни пристапот на граѓаните до административните услуги и да ја модернизира локалната самоуправа со приклучување кон регионалните и светски технолошки трендови.

Системот е лесен за користење и постапката започнува со креирање на кориснички профил на општинската веб страна. Профилот понатаму се користи за интеракција со системот за одбирање, електронска наплата и достава на услугута кон граѓаните. Оваа означува значителен чекор напред кон поефикасен и поекономичен пристап кон услугите на локалната самоуправа и исклучување на потребата од физичко присуство и интеракција.

Дигитализацијата на услугите на локалната самоуправа е дел од поголем тренд кон дигитална трансформација, при што се повеќе општини ја препознаваат потребата за модернизирање на нивните услуги и подобрување на пристапот за граѓаните.

Проектот е  усогласен со Целите за одржлив развој на Обединетите нации, и со успешното спроведување на проектот во Радовиш се надеваме дека и другите општини ќе се приклучат кон глобалните трендови.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе