Македонија

ССМ: Ако може за ФУНКЦИОНЕРИТЕ, мора и за РАБОТНИЦИТЕ

Трета недела Синдикат на УПОЗ заедно со вработените во Министерството за култура, Агенција за филм и Управа за заштита на културно наследство со поддршка од ССМ, се пред Влада и бараат повисоки плати, односно критериумите за плата за функционерите да важат и за работниците.

„Ако може 78% зголемени плати на функционерите, мора да може истото и за работниците. Протестот е се по масовен и работниците од овие три институции нема да отстапат од нивните барања“ стои во објавата на ССМ .

Додека фунционерите за себе си овозможуваат енормни плати согласно последната Одлука на Уставниот суд, работниците и граѓаните кои воедно се и нивни гласачи тонат во сиромаштија.

„Додека еден функционер со својата нова плата, која на ден му е зголемена за околу 2.000 денари, може да покрие две ипол синдикални минимални кошници односно со само една негова плата обезбедува неопходна егзистенција за 10 члено семејно домакинство, работниците и граѓаните се борат да го избуткаат месецот до крај и на своите семејства да ги им ги овозможат само неопходните производи за преживување, а не и за нормално живеење“ реагираат од ССМ.

Преземено од https://www.facebook.com/ssmmkd/

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago