Радовиш

Претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата пред радовишани

Одделението за внатрешни работи Радовиш  во саботата на градскиот плоштад во Радовиш реализираше активност од кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.

 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и ОВР Радовиш преку непосреден разговор со граѓаните и делење на летоци ги запознаа присутните со важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, која е една од основните цели на оваа кампања.

Исто така на присутните им беше презентирана и дел од опремата која ја користат полициските службеници при извршување на службените задачи, а граѓаните  разменија мислења со полициските службеници и ја разгледуваа опремата.

Со овие активности денеска и во Радовиш се потврди дека полицијата е сервис на граѓаните, дека таа треба да го познава маалото и маалото да ја познава неа. И дека заедничката соработка со нив ќе придонесе и во иднина да се детектираат и намалат предизвиците со кои се соочува заедницата, со што би се зголемила безбедноста, што е од заеднички интерес на сите. Ова впорчем го покажуваат и податоците за намалување на криминалитетот односно намалување на бројот на кривични дела“, рече портпраролот на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago