Радовиш

МОН го објави конкурсот, во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, во прва година ќе се запишат 288 ученици

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година.

Во СОУ „КОСТА СУСИНОВ“, Радовиш во прва година ќе се запишат 288 ученици во 9 паралелки (220 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик).

Според наставните планови и програми за: Гимназиско образование – 136 ученици, распоредени во 4 паралелки,  на македонски јазик 102 уч.во 3 пар. и на турски 34 ученика во 1 паралелка.

Геолошко – рударска и металуршка струка – 25 ученици, 1 паралелка на македонски јазик- геолошко рударски техничар/металуршки техничар (соработка со БУЧИМ ДОО Радовиш, Боров ДОЛ ДООЕЛ).

Електротехничка струка – 68 ученици, 2 паралелки – електротехничар – енергетичар/ електротехничар за компјутерска техника и автоматика до 34 ученика на македонски јазик и на турски јазик 34 ученици.

Машинска струка – 34 ученици, 1 паралелка – машински техничар на македонски. Градежно – геодетска струка – 25 ученици, 1 паралелка – градежен техничар  на македонски јазик.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок, со две пријавувања во јуни 2023 година преку порталот за електронски услуги на МОН: https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Првото пријавување на учениците ќе биде на 20 и 21 јуни, a второто пријавување на 27 и 28 јуни.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago