Регион
Кире Пиличев избран како координатор на сниматели за Југоисточниот регион
Published
6 месеци agoна
By
Media Press
Секцијата на сниматели при ЗНМ во состав од Ристо Мишев, Зоран Догов и Адријана Јовановска остварија средба и работен состанок со колегите сниматели во Велес.
На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат, а беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно. „Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите дописници и сниматели во локални и регионални медиуми се соочуваме и со егзистенцијални проблеми, со тенденција да исчезне овој дел од фелата т.е. сниматели за телевизии. Екстремно ниските примања се повеќе ја прават оваа работа непосакувана од нашите колеги кои прибегнуваат кон други форми на заработка од својот занает, свадби и слично“ посочи Кире Пиличев, координатор за струмичкиот регион во рамките на Секцијата на сниматели.

Од страна на останатите колеги беше потенцирано дека снимателите – дописници нема смена и работно време, тоа значи дека му се скратени и можностите за заработка од друга работа. На работниот состанок во Велес каде што присуствуваа колегите сниматели од штипскиот, велешкиот и струмичкиот регион се разговараше и за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу снимателите и новинарите.
Средбата помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свои координатори кои ќе ги претставуваат и ќе ги информираат за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. За координатор на регионите Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци е избран Иван Камчев, Кире Пиличев беше избран како координатор за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово и Виктор Ефремов од Штип за координатор за Штип, Кочани и Делчево.
Поврзани содржини
Регион
Препукувања помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, кој ја даде првата концесија за рудник Иловица?
Published
2 месеци agoна
јули 17, 2023By
Media Press
По одржаните протести во саботата во Струмица, против отварање на рудникот Иловица-Штука, по донесувањето на одлуката во Влада за спојување на двете концесии, двете најголеми политички партии започнаа со препукување кој е виновен за давањето концесија за отварање на рудник Иловица.

Како рекација на изјавата на министерката а труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која беше дел од протестот против отварање на рудникот и обвинувањата дека проблемот со Иловица настанал од ДПМНЕ и Груевски, од ВМРО ДПМНЕ со реакција:
„СДСМ среде Струмица ги штитат бизнис интересите на ДУИ.(Реакција на прес конференција на министерка Тренчевска и СДСМ Струмица).
Криминалните пипци на овој тандем за тендери и матни бизниси стигна и во Струмица. Тајно спојуваат концесии, а потоа лажно се преставуваат пред струмичани, за душегрижници. Тоа е лицемерието на оваа партија. Еве како стојат фактите:
1. На 4 мај 2004 тогашниот Влада на СДСМ и заменик-премиерот Радмила Шекеринска потпишаа одлука за давање концесија во с. Иловица со што се овозможи отварање на рудник во Иловица.
2. На 5 јуни 2023 на седнциа на Влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се носи одлука за спојување на концесиите за рудник во Иловица.
3. На 11 јуни 2023, советниците на СДСМ во Општина Струмица гласаат против ставање на дневен ред на точка поврзана со рудници во Струмица.
Иловица е интересот на ДУИ кој го штити СДСМ. Со кое лице СДСМ Струмица зборува против рудник во Иловица кога цела власт е во нивни раце, а тие ги носат одлуките за отварање на рудник“.

Од СДСМ пак возвраќаат:
„Проблемот со Иловица го создадоа ДПМНЕ и Груевски, на кого Мицкоски му беше советник. Безобразие е Мицкоски од криминалната ДПМНЕ која го создаде проблемот да зборува за Иловица. Проблемот со Иловица го создаде токму неговата ДПМНЕ, неговиот Никола Груевски на кого му беше советник.
Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за Иловица и доделени првите концеции.
Постапката за отворање на рудник во Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник.
И денеска Мицкоски ли ќе зборува за Иловица? Па има ли поголем безобразлук Мицкоски некого да обдинува? Криминалец да обвинува за криминал?
Со години СДСМ се обидува да ја исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски лавиринти.
Ставот на СДСМ за Иловица е ист како ставот на граѓаните од овој регион и не е променет, ќе се преиспитаат одлуките и нема да се дозволи загрозување на животната средина и постапки против волјата на народот“ стои во реакцијата од СДСМ.

Инаку Еколошкото здружение Здрава Котлина – Струмица и Еколошкото здружение Еко Долина – Ново Село, како организатори на протестот против рудникот Иловица-Штука кој се одржа во саботата на 15 јули во Струмица, велат дека и покрај екстремно високите температури и период на летни одмори , сепак на протестот присуствуваа повеќе од 2500 луѓе претежно од Струмица и Струмичко со значителен број на гости од цела Македонија.
На протестот помеѓу народот што протестираа беа присутни министерки, пратеници, градоначалници, советници, претставници и раководства на политички партии, разни организации, Црквата со владиката Јаков и многу активисти од цела Македонија.
„Затоа, заради заштита на јавниот интерес, здравјето на луѓето и животната средина, го бараме следното:
1. Итно и неодложно одземање на криминално споените концесии за рудникот Иловица-Штука, поради прекршување на Законот за минерални суровини во однос на условите за добивање концесија и за спојување на концесии. Особено отежнувачка околност е залогот врз концесијата во финансиска кредитна трансакција со Ројал Голд, кој се јавува како трето лице. Целата оваа конструкција не е законска!
2. Разрешување на претседателите на Управен суд и на Виш Управен суд, поради тенденциозна погрешна примена на законите и постапките, како и поради носење дијаметрално различни пресуди во зависност од моментот. Кулминацијата беше последната пресуда за враќање на концесијата, што е различна од сите претходни 11 пресуди во пинг-понг процесите изминатите 4 години, а е директно поврзана со влезот на НД Груп со 25% удел во Еуромакс Ресурси.
3. Одговорност од сите одговорни лица од Владата и од надлежните министерства што биле вклучени во овој нелегален процес на спојување на концесиите. Сите што се огрешиле пред законот треба да бидат соодветно санкционирани, зашто е очигледно груба манипулација тврдењето дека спојувањето е принудно поради одлука на судот. Во пресудата е јасно наведено дека судот одбива да ги спои концесиите и дека тоа е дискрециона одлука на Владата, дали ќе ги спои или не.

Повеќ на следниот линк:
Регион
Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти
Published
4 месеци agoна
јуни 6, 2023By
Media Press
Приведени двајца криумчари на мигранти кои превезувале 10 лица мигранти од Сирија.
Вчера околу 19.20 часот на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово.
А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..
Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера била сузбиена организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, при што се приведени 10 лица.
Како што информира МВР вчера од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, била спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти.
„Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.
Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.
Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ“ соопштува МВР.
Поднесена мила кривична пријава против 17 лица, 9 лица од Куманово, 4 од Кратово и по едно лице од Скопје, Штип и Струмица
Регион
Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“
Published
6 месеци agoна
март 24, 2023By
Media Press
Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.
Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
„Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми.
Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „застани разговарај“, „заштита од провални и дрски кражби“, „заштита од измами“, „стоп за возење под дејство на алкохол“, „паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други.
Истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот кое нешто го потврдуваат и податоците според кои:
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 260 кривични дела „тешка кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 299.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 98 кривични дела „ кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 131.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 9 кривични дела „ разбојништво“, а бројот на овие дела во 2021 бил 19.
Во однос на откривачката дејност во текот на 2022 година реализирани се:
– 41 % од пријавените тешки кражби;
– 40 % од пријавените кражби и
– 100 % од пријавените разбојништва“, соопштува СВР Струмица
Во наредните саботи во Валандово, Радовиш и Гевгелија ќе биде реализирана кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“, со цел уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, да градиме доверба и со меѓусебна соработка да ја зголемиме безбедноста, која е од заеднички интерес за сите нас, стои во известувањето до СВР Струмица.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
