Connect with us

Радовиш

Доенесени повеќе предлог одлуки на 27-та седница на Совет, верифициран мандат на нов советник

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 27 седница со дневен ред од 50 точки и надополнување на дневниот ред со уште 3 точки. По усвојувањето на дневниот ред на седницата како прва точка беше предвидена Советнички прашања при што беа поставени неколку прашања до градоначалникот Ацо Ристов. Потоа беше верифициран мандатот за нов член на советот на Општина Радовиш на Лујза Спасова, која доаѓа на  местото на Весна Конзулова, која го напушти советничкото место поради вработување во Општина Радовиш.

Потоа беа изгласани Предлог заклучоците за усвојување на Полугодишните извештаи на Основните училишта во Општина Радовиш за 2022/2023 година и на ОНБ „Браќа Миладиновци“ за 2022 година.  Усвоени беа и Предлог – Одлуките за годишните сметки за 2022 година на Основните училишта во Општина Радовиш, на СОУ „Коста Рацин“ на ЦК „Ацо караманов“ на ДГ „Ацо Караманов“  и на ОНБ „Браќа Миладиновци“.

На дневен ред беше и Предлог одлуката за додлеување на просторија за користиење во Дом на култура во село Ораовица, на Организација на жени „Женска акција“, Радовиш, како и доделување на просторија за користење во село Ињево на МЗ „Бобовец“.

Потоа следуваше усвојување на  Финансиски извештај  за работа и Годишната сметка за 2022 на ЈП Плаваја, Радовиш. Исто така беа усвоени и неколку Извештаи за ЈП Плаваја, како Извештај за реализација на програмата за одржување на гробишта во Радовиш, Раклиш, Ораовица и Подареш за 2022 година. Извештај за реализација на програмата за јавна чистота и одржување на паркови и други јавни површини во Општин Радовиш, како и годишен извештај за снабдување со вода за пиење и одржување на урбани отпадни води за 2022 година од ЈП Плаваја, Радовиш. Беше усовена и предлог – одлуката за управување и одржување на гробишта во Радовиш и наслените места Раклиш, Јаргулица и Покрајчево за 2023 година од страна на ЈП Плаваја.

 Во продолжени беше изгласана и Предлог Одлуката за ко-финансирање на проект за изградба на атмосверска канализација на дел од улиците Плачковица, Питу Гули, Герас Цунев, Драмска, Илија Алексов и дел од уште неколку улици во УБ 1 и УБ 2.

Меѓу другот на седница беше изгласана и Предлог одлука за одобрување на склучување на Договор за одобрување на долгорочен кредит помеѓу Општина Радовиш и Комерцијална банка, за реализација на Капитален инвестиционен Проект ГРАДСКИ ПАЗАР, за што градоначалникот Ацо Ристов даде објаснување уште на почетокот на седницата одговарајќи на советничко прашање од советникот Панче Николов.

Радовиш

Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2,  финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.  

Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.

Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.

Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу  600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.

Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Прочитај повеќе

Радовиш

Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш

Avatar

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.

Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).

„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Прочитај повеќе